“БАЛКАН КОНСАЛТИНГ ” ДООЕЛ е организација со големо искуство во изработка на проектно - техничка документација од областа на високоградба , хидроградба и нискоградба , изработка на проектно технички решенија за санација и реконструкција на инженерски конструкции , геотехнички истраги , контрола на квалитет на градежни материјали , надзор при изведување на градежни работи и консалтинг услуги .

“БАЛКАН КОНСАЛТИНГ ” ДООЕЛ е формиран кон крајот на педесетите години од минатиот век како проектно биро и составен дел на ГД ГРАНИТ АД Скопје , призната компанија за работи во градежништвото во светски размери .

Почнувајки од 1998 година , “ ГРАНИТПРОЕКТ ” - ГРАНИТ ДООЕЛ како претходник на “ БАЛКАН КОНСАЛТИНГ ” работи самостојно и за своја сметка а од 01.02.2002 година и под сегашното име “ БАЛКАН КОНСАЛТИНГ ” ДООЕЛ , друштво за проектирање изведување и истражување .

Нашето децениско искуство и специјализираност во процесот на изработка на техничка документација за најголемиот дел од патната мрежа и инфраструктура во Македонија , создадоа основа за изработка на бројни проекти во Албанија, Алжир, Босна и Херцеговина, Бугарија, Ирак, Јорда , Либиј, Русија, Сирија, Србија и Црна Гора, Украина, Хрватска ...

Во скоро половина век од своето постоење , “ БАЛКАН КОНСАЛТИНГ ” е директен и самостоен извршител при изработка на проектно - техничка документација за над триста километри современи автопатишта , три илјади километри други патишта и градски сообраќајници , стотина километри железнички пруги , илјадници метри мостови , неколку аеродроми , бројни и разновидни архитектонски објекти , ситеми за наводнување и водоснабдување ...

Наши клиенти во поново време се и меѓународните институции како што се Европската Агенција за Реконструкција , ЕБРД , Светската Банка , УНДП, НАТО како и бројни хуманитарни организации .

Денеска претпријатието го сочинува високостручен тим од шеесет и девет инженери и техничари од најразличен профил и долгогодишно искуство , современ компјутерски систем интегриран во единствена мрежа , што ни овозможува пратење на современите светски трендови и технологии во нашата област , високо техничко ниво и современ пристап кон работните обврски што е гарант за нашата иднина .

Нашето занаење и способност се Ваша сигурност .

Искрено Ваш ,

Дипл. Градежен Инжињер
Киро Цеков.