Секторот за изработка на техничка докуметација од областа на електричните инсталации во рамките на “ Балкан Консалтинг ” функционално е прилагоден кон потребите на фирмата пратејќи ги основните проекти со фазни проекти за електричните инсталации и тоа :
 
<  Електрични инсталации за високоградба .
•  Електро енергетски инсталации со кабелски развод за објекти од високоградба .
•  Електрични инсталации за нискоградба .
•  Електро енергетски инсталации со кабелски развод за објекти од нискоградба .
•  Пратечка инфраструктура на електрични мрежи за урбанистички планови и сл .

Со оваа генерална поделба на објектите опфатен е еден огромен дијапазон на електрични инсталации односно опфатени се речиси сите возможни инсталации од т . н . “ јако ” и “ слабо ” струјни инсталации .
 
Секторот за изработка на техничка докуметација од областа на електричните инсталации во рамките на “ Балкан Консалтинг ” како фазна подгрупа , оформува и самостојни проекти каде електро инсталациите се главна фаза . Тоа се проекти најчесто од областа на електроенергетиката , пренос и дистрибуција на електрична енергија како и проекти за сите видови заштита од електричните инсталации и надворешните влијанија на истите врз човекот и неговата околина.