|
|
|
|
|
Име на објектот : |
ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ НА ПЛОШТАД “ МАКЕДОНИЈА ” |
Фаза на проектот : |
Главен проект |
Држава : |
Р . Македонија |
Место : |
Скопје |
Инвеститор : |
ГРАД - СКОПЈЕ |
Година на проектирање : |
2003 - 2004 год . |
Проектанти |
Роска Алчевска дипл. инг. арх.
Блашко Велков дипл. град. инг.
Митко Цветковски ге. инг.
Емил Николов дипл. град. инг.
Петар Анастасов дипл. град. инг.
Златко Цековски дипл. ел. инг. |
|
Краток опис за проектот : |
|
Главниот проект за партерно уредување на Плоштадот “ Македонија ” со искажан респект кон понуденото конкурсно Идејно решение за истиот , го интегрира техничкото изведбено решение кое е предмет на овој проект . Децентрализацијата на Плоштадот го интегрира истиот со околината без нарушување на основната волуменска геометрија која го формира како јавен отворен простор . Партерното уредување на Плоштадот се одликува со шематски код на композиција во третманот на обработка на поплочувањето со природен камен и со сложена композиција во третманот на градските активни содржини ( фонтана , енклави на збиднувања , споменични обележувања и современо електрично осветлување ) кои се погодни за обавување на функциите со традиционален , социјален , рекреативен и манифестационен карактер . Плоштадот “ Македонија ” станува градско и републичко место со доминантна мултифункционална содржина , со своја сопствена снага и силна рефлексија врз останатите урбани простори . Просторните рамки на Плоштадот обезбедуваат посебна автентичност за нивото на оптоварена историчност како и високо ниво на композиционо единство со магнетизмот што во себе ги содржи величенствениот споменик на културно наследство Скопскиот Камен мост и експонираната староградска архитектура на Ристиќевата палата со околната урбана улична архитектура . Вкупната површина на партерното уредување е 15.000,00 м2.
|
|
|
|
|
|
|
|
|
e-mail: granitpr@unet.com.mk Телефон: ++389 2 30 81 204 / 30 81 190 Факс: ++389 2 30 82 275 |
|
|
|