Име на објектот : |
Станбено деловен објект 5.8.1. П + 5 + Пк
Д . У . П . “ МАЛ РИНГ ” |
Фаза на проектот : |
Идеен и Главен проект |
Држава : |
Р . Македонија |
Место : |
Скопје |
Инвеститор : |
ГД “ ГРАНИТ ” АД - Скопје |
Година на проектирање : |
1998 - 2000 год . |
Проектант : |
Дона Занева дипл . инг . арх . |
Соработници : |
Наташа Черековиќ арх . тех . |
Конструкции : |
Венцо Ваневски дипл. град. инг.
Радица Гавровска град. тех.
Славица Костадиновска град. тех. |
|
Краток опис за проектот : |
|
Објектот е лоциран во централното градско подрачје на Скопје на аголот на ул . “ Наум Наумовски Борче ” и булевар “ Маркс и Енгелс ”. Објектот ( урбан блок 5.8.1.) му припаѓа на комплексот “ Мал Ринг ”. Урбанистичката маркица е аголна со неправилна форма . Архитектонскиот третман и обликување на објектот се симбол за негово препознавање . Паркирањето на возилата е обезбедено во две подземни нивоа . Во приземјето застапени се локали , а на катовите простор за домување - станови со различна структура : еднособни , двособни , трособни и четворособни станови со вкупна станбена површина од 2.300,00 м2.
|